За лицата кои се заканувале со пиштоли кон навивачите, засега нема истрага.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 септември, 2020 22:24

НАЈНОВА ВЕСТ: Вечерва пpивeдeни и мaлтpeтиpaни 30-деца од навивачката група „Комити“

Фото/Текст извор: ©Инфомакс.мк фото спортклуб.мк

Вечерва 30-тина момчиња од навивачката група „Комити“ се приведени и однесени на распит во Полициската станица во Кисела Вода, дознава „Инфомакс“.

Според информациите до кои дојде порталот, момчињата се приведени по наредба на Ријад Ајети, началник на секторот за насилен криминал. Истиот началник во моментов врши распит, а врз момчињата се врши и тортура, дознаваме од извори во истрагата.

Ријад Ајети инаку е роднина на сега загинатиот Џелал Ајети – Џељо. Инаку, токму Ајети е надлежен началник во истрагата за претепувањето на Љупчо Палевски-Палчо.

Според информации на Инфомакс, момчињата се жалеле дека тие не се виновници за вчерашниот настан во Ѓорче Петров кога се скандираа етнички-сензитивни пароли, туку дека полицијата треба да ги провери околните камери на кои се гледа дека две лица кои им пришле извадиле пиштоли кон момчињата.

За лицата кои се заканувале со пиштоли кон навивачите, засега нема истрага.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.