Гори познатата катедрала „Notr Dam во Париз.

Објавил: admin@magazin | 15 април, 2019 19:47

НАЈНОВА ВЕСТ: Гори познатата катердала “Notr Dam” во Париз !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вечерва во катедралата„Notr Dam„ во Париз, изби голем пожар, соопштија од Француската полиција.

Гори познатата катедрала „Notr Dam„ во Париз. Ројтерс пренесува дека познатата катедрала гори а пожарникарните служби се обидуваат да го спречат пожарот кој се шири во голема брзина.

За сега не е позната причината како е настанат пожарот и дали е намерно подметнат.

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва во 20:00 часот ќе се обрати на медиумите во Париз. Во текот на вечерта ќе следуваат повеќе информации.

Големиот пожар на катедралата Нотр Дам се шири со голема брзина, а се урна централната купола.
Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, им порача луѓето кои се во близина да ги почитуваат ограничувањата за приближување кон катедралата, кои ги поставија противпожарните екипи.

Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. 

Богородичната црква (Notre Dame de Paris) е готска катедрала на источната половина на островот Ил де ла Сите на реката Сена, со главен влез од западната страна.

Ова е катедрала на Париз и седиште на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓa“ (Богородица или Дева Марија). Градот Париз е лоциран на реката Сена.

На реката се наоѓаат и два острова во самиот центар на градот, еден помал островот Сен-Луј и другиот поголем островот Ил-де-ла-Сите, кој воедно претставува и атракција за туристите, бидејќи на него се наоѓа познатата Богородична црква, (Нотр-Дам) и мостот Понт-Неф (Новиот мост), кој денес впрочем е најстариот мост на реката Сена, изграден уште во 1607 година.

Најниската точка на градот е на 35 метри надморска височина, додека највисоката е 130 метри надморска височина (ридот Монмартр).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.