Убиството се случило вчеравечер околу 22 часот во куќа на улица Јуриј Розентал, во скопската населба Шуто Оризари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јуни, 2019 13:11

НАЈНОВА ВЕСТ: Детали за бруталното убиство во Шуто Оризари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

34 годишната скопјанка А.Ѓ. брутално беше убиена вчера во скопската населба Шуто Оризари.

Убиството се случи вчера вечер околу 22:30 часот, а според информациите од МВР, скопјанецот С.Х.(39) со нож го нападнал сопругот на братучетка му С.Х.(37). Несреќата настанала кога А.Ѓ.  застанала пред својот сопруг со цел да го одбрани, но била избодена во пределот на стомакот по што починала на самото место.

Убиството се случило вчеравечер околу 22 часот во куќа на улица Јуриј Розентал, во скопската населба Шуто Оризари.

МВР се уште нема објавено која е причината за расправијата и тепачката помеѓу  братучедот на жената С.Х.(39) и нејзиниот сопруг С.Х.(37). Кратко после тоа, нејзиниот братучед заминал и набргу се вратил со нож во раката.

Тогаш повторно настанала расправија и за да не биде нападнат нејзиниот сопруг, А.Ѓ. (34) се испречила пред братучед ѝ, кој со ножот ѝ нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото.

Братучедот и сопругот биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, и двајцата биле пренесени во болница.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.