Вчера попладне, на бензинската избувнал пожар, по што се вклучиле алармите на бензинската. За Лидер очевидци раскажуваат дека сите од околината побегнале, дури и вработените, но само еден од нив останал да се бори со пожарот.

Објавил: Весна Петровска | 24 мај, 2019 12:59

НАЈНОВА ВЕСТ: Детали за пожарот кој ќе предизивикаше голема трагедија во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На бензинската пумпа Макпетрол, лоцирана спроти Соборен храм вчера беше избегната вистинската катастрофа.

Вчера попладне, на бензинската избувнал пожар, по што се вклучиле алармите на бензинската. За Лидер очевидци раскажуваат дека сите од околината побегнале, дури и вработените, но само еден од нив останал да се бори со пожарот.

Од страна на полицијата беше блокиран пристапот на булеварите Партизанска и Илинденска.

Херојот на деноткако што пишува ЛИДЕР е еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол”, кој додека сите побегнале самиот извлекол апарат и го изгаснал огнот, со што спречил експлозија.

За неговиот херојски чин, за “Лидер” раскажуваат граѓаните кои се затекнале во близина.

Од МВР денеска ги соопштуваат деталите за пожарот на бензинската пумпа.

– Вчера околу 14,00 часот во Скопје на ул.„Климент Охридски“, на бензинска пумпа настанал пожар во патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ (60) од Скопје. Имено, Г.Ѓ. го сопрела возилото на бензинската пумпа со цел да стави гориво, но откако повторно го стартувала возилото почнал да се шири чад од под хаубата, по што побарала помош од вработените на бензинската, кои веднаш почнале да го гасат пожарот со противпожарни апарати, а набргу дошла и екипа од Противпожарна заштита и во 15 часот пожарот е изгаснат, стои билтенот на МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...