Мирјана Лазарова избрана за судија на врховниот суд.

Објавил: Владо Марин | 7 февруари, 2020 12:31

Најнова вест: Мирјана Лазарова Трајковска едногласно избрана за судија во Врховниот Суд

Фото/Текст извор: ©Телма

Судскиот совет денеска едногласно ја избра Мирјана Лазарова Трајковска за судија на Врховниот Суд.

Поранешната судијка во Стразбур од европскиот суд за човекови права доби можност да конкурира за судија во Врховниот Суд со измените на законот за судови, објави Телма.

Членовите на судскиот совет едногласно, со 12 гласа ја поддржаа Лазарова-Трајковска, и со пофални зборови говореа за нејзините квалитети.  Едногласно, со 12 гласа, за судија во Врховен беше избран и Сафет Кадрии. Со неговиот избор,  еден судија помалку ќе има и апелациониот суд, каде Кадрии имаше функција и на портпарол.

Во Врховен суд преминува и досегашниот претседател на штипска апелација,Наќе Георгиев.

На денешната седница на Судскиот совет, треба да се бираат уште 3-ца судии во Врховниот Суд и 19 судии во основните судови.

Изборот на 6 судии за апелација, по оглас кој беше објавен пред една година, не е ставен на дневниот ред на седницата на судскиот совет.

  •  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.