Станува збор за 14 годишната Џесика Мемишовска која се удавила обидувајќи се да ја спаси својата помала братучетка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јуни, 2019 13:23

НАЈНОВА ВЕСТ: Откриен идентидетот на девојчето кое вчера се удави во базен во Битола

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познат идентитетот и причината за трагедијата која вчера ја потресе Македонија, откако 14 годишно девојче се удави во базенот Довеџик во Битола.

14 годишната Џесика се удавила во базенот Довеџик во Битола

Станува збор за 14 годишната Џесика Мемишовска која се удавила обидувајќи се да ја спаси својата помала братучетка.

Трагедијата настанала откако Џесика која што знаела по малку да плива самостојно, тргнала да  ја спаси својата 12-годишна братучетка, со која заедно се капеле, раскажуваат роднините на девојчето, а објави порталот СДК.

Со двете братучетки биле и други деца од населбата Картон Маало, која се наоѓа во близина на базенот пишува сдк.мк.

„Тие се капеле, како што ми кажуваше ќерка ми. Прво во вода рипнала Џесика, а по неа девојчето мое, Медина Камбер. Кога таа скокнала, почнала да тоне, да се дави. Џесика се спуштила да ја спаси братучетка ѝ, но при кревањето пропаднала, а моето девојче го извадија. Во тоа помогна и една друга жена која се најде таму, а имало и други капачи. Моето девојче почна да вика ‘братучетка ми е долу’ и потоа водата го исфрли телото на внуката“, рече Нехру Камбер, чичко на починатото девојче.

ИЗВОР: СДК.МК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести