четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Едниот од осомничените кој е 27-годишен жител на Скопје, делото го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот,

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 мај, 2019 19:25

НАЈНОВА ВЕСТ: Пино бил крвнички убиен- ОЈО со детали за грозоморното убиство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од страна на надлежен обвинител од Основното јавно обвинитлство Скопје, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Пино бил крвнички убиен со истрел во пределот на главата

Едниот од осомничените кој е 27-годишен жител на Скопје, делото го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега починатиот. Како што соопшти Јавното обвинителство тие заедно со патничко моторно возило “Опел Аскона“ пристигнале во атарот на с.Арачиново во Скопје. Осомничениот извадил огнено оружје – пушка и го застрелал оштетениот во пределот на главата. Од нанесените повреди веднаш починал оштетениот П.С. 26-годишен жител на Скопје, кој непосредно по кривичниот настан беше пријавен од семејството и се бараше како исчезнато лице. По стореното дело, во обид да се скријат трагите, телото на починатиот било пренесено во с. Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе. Осомничениот се дал во бегство и во моментов е недостапен за органите на прогонот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

Претходно со детали за убиството излезе и МВР.

На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица , роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.