Тројца од настраданите починале на самото место, а другите две лица биле однесени на клиника, каде им подлегнале на повредите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 10:18

НАЈНОВА ВЕСТ: Познат идентитетот на жртвите во синоќешната сообраќајна несреќа кај Драчево

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пет лица го загубија животот во страотна сообраќајна несреќа која се случи вечера вечер пред влезот на скопската населба Драчево.

Според информациите ов МВР во тешка сообраќајка кај Драчево блиску до бензинската станица „Лукоил„ вчера во доцните часови, се судрија возило со марка рено5 кампус и камион за собирање ѓубре. 

Реното во кое загина цело семејство

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу товарно возило марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кое било управувано од М. Ј. (44) од Скопје и патничко возило ‘рено 5’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј. П. и сопатниците возилото ‘рено’, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопштија од МВР.

Во сообраќајката настрада поранешен полицаец вработен во ПС Драчево.

Тројца од настраданите починале на самото место, а другите две лица биле однесени на клиника, каде им подлегнале на повредите.

Се уште нема точни информации како точно се случила несреќата, но првичните информации велат дека возачот на автомобилот влегол во спротивната коловозна лента и со голема брзина удрил во камион на Комунална хигиена.

Повеќе детали од МВР најавија за текот на денешниот ден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...