Пред малку заврши состанокот со Советот за безбедност на кој Владата и Комисијата за заразни болести побараа нови 30 дена вонредна состојба.

Објавил: Владо Марин | 15 мај, 2020 17:04

НАЈНОВА ВЕСТ: Прогласена 14-дневна вонредна состојба!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на денешната прес конференција прогласи нова, трета по ред вонредна состојба во времетраење од само 14 дена.

Нова вонредна состојба ни е потребна, рече Пендаровски, исклучиво за справување со еконмските ефекти поврзани со ковид-19, како и со заокружување на здравствените одговори на пандемијата.

Да разјаснам дека голем дел од мерките кои се преземаат, а се поврзани со органичувањето на движењето на граѓаните, на затворањето на училиштата, на стопанските субјекти, не се на ниеден начин поврзани со декларирањето на вонредната стостојба, дури и во вонредна состојба тие мжат да бидат укинати- рече Пендаровски.

Тој додава дека оваа одлука за 14 дневно времетаење на новата вонредна состојба не е поврзано со датумот за избори.

Втората по ред вонредна состојба која беше прогласена од претседателот на државата завршува утре (16.05.2020).

На денешната седница присутни беа техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.