До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.

Објавил: Владо Марин | 27 мај, 2020 13:57

НАЈНОВА ВЕСТ: Реисот Реџепи разрешен од функцијата!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со 2/3 мнозинство донесена е одлука за разрешување на Реисот Реџепи од функцијата, јавува репортерот на ТВ21.

Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.

Со 2/3 мнозинство донесена е одлука за разрешување на Реисот Реџепи од функцијата!

До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.

Одлуката стапува на сила од денеска.

24-годишната Емина Јетиши од Скопје е новата сопруга на 74-годишниот реис Сулејман Реџепи.

Јетиши е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани и има ќеркичка од претходниот брак.

Минатата година Скендер Бузаку, поранешен секретар на скопското муфтиство при Исламската верска заедница, до Основното јавно обвинителство достави материјали, кои, според него, покажуваат дека Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ, сторил кривични дела перење пари и злоупотреба на службена положба и овластување.

Според Бузаку, стануваше збор за финансиски криминал тежок седумстотини илјади евра, а оштетени се верниците што годинава заминале на аџилак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.