Тој е во изолација, откако претходно го информираше претседателот Владимир Путин за неговата состојба.

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2020 19:23

НАЈНОВА ВЕСТ: Рускиот премиер позитивен на КОРОНА ВИРУС- ова му соопштил на ПУТИН!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот премиер Михаил Мишустин е позитивен коронавирус, јавуваат локалните медиуми.

Тој е во изолација, откако претходно го информираше претседателот Владимир Путин за неговата состојба. Заменикот на Мистистин, Андреј Белошов, ќе завземе одредени премиерски позиции.

Русија досега тестирала повеќе од 3,5 милиони граѓани. Во светот САД тестирале најмногу луѓе – околу шест милиони.

Потсетиме, тој се повлече од функцијата руски премиер во јануари и многу брзо доби голема улога во борбата против коронавирусите во таа земја.

Членовите на неговиот кабинет и другиот персонал секојдневно се тестираат за вирусот, а носењето маски е задолжително.

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 7.099 нови случаи на инфицирани со вирусот Ковид-19, што е најголем број на заразени во еден ден до сега. Вкупно се заразени 106.498 луѓе.

Растот на бројот на заразени денеска се зголеми на 7,1 отсто во однос на вчерашните 6,24. Иако расте бројот на заразени, тој веќе десет дена по ред е под 10 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.