МВР попладнево информираше дека вчера било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче кое утринава во 8,30 часот починало.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јуни, 2019 16:25

НАЈНОВА ВЕСТ: Таткото на 5- годишното девојче кое се удави во базен во Скопје заврши во болница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера вечерта околку 21 часот се удави 5 годишно девојче во базен во угостителски објект, во скопско Злокуќани.

Петгодишното девојче утрово во 8,30 часот почина на скопските клиники, а според информациите до кои дојде порталот Скопје Инфо, попладнево во болница е хоспитализиран и таткото на девојчето кој е во критична здравствена состојба како последица од стресот кој го доживеал по информацијата за смртта.

Девојчето починало како резултат од давење во базен

МВР попладнево информираше дека вчера било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче кое утринава во 8,30 часот починало.

На 26.06.2019 година околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Ова не е прв случај на давење на дете во базен. Пред околу 2 недели 14- годишно се удави во базенот Довлеџик во Битола, кој оваа сезона не беше отворен за посетители.

Несреќата се случи на 12 јуни, а битолската полиција го потврди настанот, без да соопштат други детали.  Базенот е во сопственост на ЈП „Стрежево“, но повеќе од две години е издаден под концесија.
Приватниот концесионер не сакаше да зборува пред камера за немилиот настан кој се случи во Битола. Тој рече само дека имаaт проблеми со групи деца кои влегуваат преку оградата и тврди дека не може да контролира површината од 2500 метри квадратни.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...