Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не.

Објавил: admin@magazin | 24 март, 2020 11:05

НАЈНОВА ВЕСТ: Тројца полицајци позитивни на корона

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тројца припадници на полицијата се позитивни на вирусот ковид-19, дознава Алсат. Засега сѐ уште нема официјални податоци од која полициска станица се заболените.

Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не.

Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

„Од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“. Со ова практично во функција ги ставаме сите близу 1.200 матични лекари, коишто ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите“, напиша Филипче.

Десет лица се уапсени, а над 70 се опоменати поради непоседување соодветна дозвола за време на полицискиот час.

Против пет лица од Тетово и две од Гостивар ќе бидат поднесени пријави поради тоа што не само што не постапиле како што им било наредено од полицајците туку и агресивно се однесувале кон нив.

Во Куманово кај тројца граѓани кои биле затекнати низ улиците е пронајдено и оружје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести