Се уште нема детални информации зошто Јовановски е уапсен од стана на полицијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јули, 2019 14:37

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен БОКИ 13!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска на Граничниот премин, уапсен е сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски, пишува Канал 5.

 Бојан Јовановски сопственикот на 1ТВ, пред малку е уапсен на Граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје, пишува Канал 5.

Јованоски уапсен е поради сомневање за рекет, а полицијата го привела на граничниот премин.
Исто така приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. Тој е близок со поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој е уапсен во еден скопски ресторан.

Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 во јуни 2017 година, пред отворањето на телевизијата го стартуваше проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тогаш потенцираше дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно.
1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година.

Пред неколку денови, Управата за јавни ја приходи ја блокираше сметката на 1 ТВ, поради неплатен ДДВ долг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести