Забрана за движење од 16 до 05 часот за време на викендите!

Објавил: Едмонд Бекири | 25 март, 2020 18:00

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: Забрана за движење од 16 до 05 часот за време на викендите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Забрана за движење на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) во периодот од 16:00 до 05:00 часот, објави Министерот за здравство, Венко Филипче.

Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронаврусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд, објави на социјалните мрежи и министерот Оливер Спасовски.

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!

Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани.

Во сила остануваат и сите други претходно донесени забрани.

Од 22 март во Македонија е воведен полициски час кој трае од 21 до 5 наутро. Повозрасните од 67 години може да се движат надвор само од 5 до 11 часот, а на младите до 18 години им е дозволено од 12 до 21 часот.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица. Министерот Филипче најави дека викендов или кон почетокот на следната недела ќе биде објавена детална статистика што досега се случува со бројот на пациенти и јасно ќе бидат прикажани дијаграмите и бројките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.