Според нивниот извор камионот од Јосифово по кражбата на марихуаната бил паркиран на Кванташки. Полицијата имала сознанија каде е камионот, но се чекало кој ќе го преземе.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 декември, 2020 8:16

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ ЗА АКЦИЈАТА НА МВР: Камионот со два тона канабис неколку дена стоел на Кванташки пазар пред синоќа да биде запленет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/фото:21 тв

Камионот со два тона канабис неколку дена стоел на Кванташки пазар пред синоќа да биде запленет во Арачиново, објави 24Инфо.

Според информации до кои дошол 24Инфо воопшто немало пукање врз полицијата, ниту пак имало истрели во селото.

Според нивниот извор камионот од Јосифово по кражбата на марихуаната бил паркиран на Кванташки. Полицијата имала сознанија каде е камионот, но се чекало кој ќе го преземе.

Синоќа камионот тргнал од пазарот и се упатил во Арачиново, каде требало да биде истоварен. Тогаш интервенирала полицијата, a за да се избегнат евентуални проблеми со населението биле ангажирани специјалните сили.

Полицијата вршела претрес на сите возила кои влегувале и излегувале од Арачиново. При тоа биле пронајдени два „калашникови” кај две лица.

Информациите за престрелката, пак, произлегле од возачот на камионот, кој, пријавил дека во него било пукано од страна на полицијата.

За денеска МВР најаваи повеќе детали за случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.