Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наизразен ќе биде Долж Повардарието.

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 ноември, 2020 15:21

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: МАКЕДОНИЈА СЕ ПОВЕЌЕ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН ОД АРКТИКОТ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Територијата на нашата држава е се повеќе под влијание на студениот бран кој се спушта од Арктикот. До крајот на денов и во вечерните часови, особено во западните предели ќе има повремени слаби врнежи кој на ниските места ќе бидат од дожд и снег, додека на повисоките места и на планините истите ќе бидат само од снег.

Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наизразен ќе биде Долж Повардарието.

До утре наутро, температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степен, исто така студени утра ќе имаме и понатаму со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под лулата, додека во Беровскиот регион истите има услови да се спуштат дури до околу -10 степени.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно и суво, што значи продолжува сушниот период во Македонија, времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена, повремено и позначителна облачност. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, што значи дека ќе бележат тенденција на незначителен пораст.

Во следниот период, исто така по котлините и речните долини ќе започнат да растат условите за појава на магла и на ниска облачност.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...