Најново метео!

Објавил: Перо Милчин | 22 април, 2021 7:39

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОД ЗАПАД ДОАЃААТ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот и во вечерните часови во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа утре и во сабота ќе имаме претежно облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во најтоплите предели истите има услови да се искачат и до околу 18 степени. Стабилизирање на времето и пораст на температурите на воздухот се очекува од недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...