Екипата на канал ВИС денеска ги посети пожарникарите пред тц „Глобал“ и разговараше со нив, кои биле предизвиците за гасење на пожарот. Уморни, ненаспани, тие и денеска дежураа во објектот и гасеа каде што се појавуваше ново жариште.

Објавил: Владо Марин | 3 јануари, 2021 18:30

НАЈНОВО: НИТУ ЕДЕН ХИДРАНТ ВО „ГЛОБАЛ“ НЕ Е ВО ФУНКЦИЈА, ПОТВРДИЈА ПОЖАРНИКАРИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Натчовечки напори вложија струмичките пожарникари и нивните колеги синоќа за локализирање на пожарот во трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица.

Огнот којшто зафати голем дел од внатрешноста на објектот им оневозможуваше на пожарникарите да влезат и одвнатре да реагираат, бидејќи според првичните информации, огнот тргнал некаде од задниот влез што се користи за дотур на стока.

Затоа, беа принудени да кршат стакла на првиот кат на објектот и оттаму да влегуваат, но и на неколку локации од надворешниот дел, особено откај катната гаража, којшто не беше во пламен.

Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во обејктот не бил во функција, односно немал вода. Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот.Тие пак, се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни. Ваквите услови ги принудиваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време.

Екипата на канал ВИС денеска ги посети пожарникарите пред тц „Глобал“ и разговараше со нив, кои биле предизвиците за гасење на пожарот. Уморни, ненаспани, тие и денеска дежураа во објектот и гасеа каде што се појавуваше ново жариште.

Објектот, за жал, се уште не е целосно безбеден од нов пожар и ќе мора да се чува уште некој ден. Велат дека ги разбираат реакциите на граѓаните, но, дека е потребно да се запознаени со целата ситуација за да ги согледаат правилно настаните.

Не се навредени од коментарите, велат, затоа што тие знаат дека дале се од себе и работеле професионално.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести