Вирусот Ковид-19 е класифициран како респираторна инфекција која се пренесува со капки, а се верува дека може да предизвика дијареја и други гастроинтестинални симптоми.

Објавил: admin@magazin | 14 мај, 2020 13:44

НАЈНОВОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ОТКРИВА: Еве кои органи ги напаѓа КОРОНА ВИРУСОТ (видео)

Фото/Текст извор: ©Informer.rs магазин.мк

Според најновата студија, вирусот Ковид-19 може да зарази органи низ целото тело, имено белите дробови, срцето, црниот дроб, мозокот, бубрезите и цревата.

Два одделни извештаи објавија дека вирусот доаѓа од белите дробови и може да нападне разни органи, што може да го објасни широкиот спектар на симптоми на новиот вирус корона, пишува Си-Ен-Ен.

Овој наод може да помогне да се објаснат некои од симптомите што се гледаат кај пациенти, како што е формирање на згрутчување на крвта кои предизвикуваат мозочни удари кај помладите луѓе и кои можат да предизвикаат главоболки и откажување на бубрезите.

Вирусот Ковид-19 е класифициран како респираторна инфекција која се пренесува со капки, а се верува дека може да предизвика дијареја и други гастроинтестинални симптоми.

COVID-19 е вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Болеста прв пат се појави во градот Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина, меѓу пациентите кои што задобиле пневмонија без јасна причина.[3] Поради брзото ширење на болеста, Светската здравствена организација прогласи епидемија.

Забележани се заразани случаи ширум западниот свет преку Азиско-тихоокеанското подрачје, главно меѓу патници кои што по потекло се од Кина, а локален пренос е забележен и во Европа.
Времето пред појавување на првите симптоми на болеста е обично помеѓу 2 до 14 дена.

Се препорачува редовно миење на раце и оддалечување од луѓе кои што кашлаат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...