Ваквото заострување на мерките доаѓа по големиот број заразни од коронавирус, како и пополнувањето на капацитетите во болниците и ковид-центрите. Од кога ќе се применуваат мерките, ќе се знае откако ќе се одржи владината седница.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 април, 2021 11:47

НАЈНОВО: Кафеаните целосно или делумно да се затворат, а полициски да почнува од 20 часот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Главниот координативен кризен штаб донел одлука за заострување на мерките со цел спречување на ширењето на коронавирусот, дознава „А1он“. Според нивни извори, предвидено е зголемување на траењето на полицискиот час, кој наместо од 22 часот, ќе треба да започнува од 20 часот.

Дополнително, се разговарало и за затворање или ограничување на работата на угостителските објекти. Засега нема потврда од Кризиниот штаб за овие одлуки, но Владата веќе закажа седница.
Владиниот портарол, Душко Арсовски потврдува само дека од 13 часот е зажана седница, а неофицијално, во 14 часот ќе се одржи и прес-конференција.

Седницата е за актуелната состојба со Ковид-19“, вели кратко портпаролот Арсовски.

Министерот за здравство, Венко Филипче кој е дел и до Кризниот штаб, не одговара на прашањата поврзани со заострувањата на мерките, но и дали освен за овие, се дискутирало и за други рестрикции.

Инаку, извори од Комисијата за заразни болести за „А1он“ брифираат дека тие денес не поднеле барање за заострување на мерките. Според нив, тие уште во месец март до Кризниот штаб и Владата доставиле цел сет на мерки за спречување на заразата, со цел, самите да одлучат кои ќе ги применат. Претседателот на комисијата, Жарко Караџовски не одговара на повиците за да ја потврди или негира информацијата.

Ваквото заострување на мерките доаѓа по големиот број заразни од коронавирус, како и пополнувањето на капацитетите во болниците и ковид-центрите. Од кога ќе се применуваат мерките, ќе се знае откако ќе се одржи владината седница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести