Најново метео!

Објавил: Владо Марин | 17 јули, 2021 18:36

НАЈНОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ, ПА СЕ ДО ВТОРНИК ЧЕСТИ ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од следните часови па се до вторник нашата територија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност и на влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе условува врнежливо време.

Ќе има и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застепени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Поинтензивни процеси особено се очекуваат во западните, југозападните и северните предели.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.

Доста нестабилно време се очекува и во Скопје и околината со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ. Температурата овие денови во Скопскиот регион ќе се искачуваат во  интервалот од 30 до 33 степени.

НАПОМЕНА: Локално обилните врнежи за релативно кратко време кој се очекуваат во следниот период може да условат зголемување на нивоата на реките и езерата во Македонија, особено во западните, југозападните и северните предели.

Можно е излвање на помалите реки, па затоа доколку граѓаните се движат и тоа особено со автомобил во близина на реките да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Исто така граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и во случај на појава на НЕВРЕМЕ.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...