Најактивниот милијардер во светот два пати во неделата тренира јога,и активен е на терените за голф со своите пријатели.

Објавил: admin@magazin | 6 декември, 2018 20:38

Најстариот милијардер на светот има 100 години и е активен секој ден

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Најстариот милијардер во светот Чанг Јун Чунг од Сингапур има 100 години, секој ден оди на работа, бидејќи останувањето дома за него не е добра опција, тој вели дека дома му било многу досадно и сака да биде активен во секојдневниот живот.

Тој уште на почетокот на оваа година ја предаде својата функција како извршен претседавач на својот син Теу Сионг Сенг, Чанг изјави дека тој и понатаму ќе продолжи да оди на работа оти тоа му е навика.
– Секој ден ги пишувам во мојот дневник сите мои активности – вели Чанг и додава дека шефовите на сите одделенија доаѓаат да се консултираат.

За него тоа е начин да биде активен и да остане во контакт со компанијата Пил, што ја основал во 1967 година со два половни брода.

Најстариот милијардер во светот Чанг Јун Чунг од Сингапур има 100 години,и е активен секој ден.

Во рамките на својата дневна рутина Чанг го учи својот син како да го контролира својот темперамент во ситуации на голем притисок.

Тој исто така вели дека два пати неделно оди на јога, а секоја сабота е активен со своите пријатели на голф терените. Ги советува младите да бидат повеќе активни и да се движат колку што можат во секојдневниот живот, бидејќи на тој начин се останува витален и здрав.

Неговиот син вели дека од татко му научил дека луѓето нема да слушаат поради авторитетот, моќта или поради тоа што се жестоки, туку поради интегритетот и квалитетот, кои повеќе ги ценат и следат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...