По серијата земјотреси кои ја погодија земјата утрово, гинекологот Анике Докле објави дека 20 минути по земјотресот се родени близнаци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 ноември, 2019 21:00

Најубавата вест од Албанија: Близначиња се родија 20 минути по силниот земјотрес

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако денеска од Албанија доаѓаат само тажни вести по силниот земјотрес кој се случи утринава, сепак овие близначиња се симбол за надеж и можеби единствената позитивна работа која денеска ќе ја прочитате од Албанија.

Во Албанија по серијата земјотреси кои ја погодија земјата утрово, гинекологот Анике Докле објави дека 20 минути по земјотресот се родени близнаци.

По серијата земјотреси кои ја погодија земјата утрово, гинекологот Анике Докле објави дека 20 минути по земјотресот се родени близнаци.

„Јас и моите пријатели овој пат сме повторно во породилното одделение. Овие бебиња близнаци се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобриот симбол на континуитет на животот. Немам зборови“ – напиша Докле на својот Фејсбук профил, не прецизирајќи во кој град се родени близнаците.

Инаку силниот  земјотрес кој утринава ја потресе Албанија во 03:54 часот утринавабеше со јачина од 6,4 степени. Епицентарот беше близу градот Драч а моментално жителите се без електрична енергија, видливи се огромните штети од разурнатите објекти.

Според пишувањата на локалните медиуми, Драч се соочува со најголеми последици од земјотресот, поради фактот што се наоѓа најблиску до епицентарот.

Освен во Албанија земјотресот беше почувствуван и кај нас, но речиси и на целиот Балкан.

Силниот земјотрес ги разбуди граѓаните во Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Србија…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.