Многумина од вас ќе станат лекари, инженери, правници, економисти, а јас ви пожелувам да станете и останете пред се луѓе.

Објавил: Владо Марин | 25 август, 2020 21:02

НАЈУСПЕШНИТЕ МАТУРАНТИ НАГРАДЕНИ НА СРЕДБАТА НА ПРВИОТ СО НАЈДОБРИТЕ 2020

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градоначалникот Петре Шилегов денеска додели специјални признанија и парични награди на 32 матуранти – првенци на генерацијата 2016 – 2020 и 2017 – 2020 од 23 скопски средни училишта, на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли ан.

– Годинава наградуваме 32 првенци на генерација од 23 средни училишта во Скопје. Да се биде првенец на генерацијата значи дека си на пат да ги реализираш своите соништа.

Градоначалникот Петре Шилегов денеска додели специјални признанија и парични награди на 32 матуранти – првенци на генерацијата 2016 – 2020 и 2017 – 2020 од 23 скопски средни училишта!

Јас навистина посакувам вашите соништа да ги реализирате овде, а соништата за вашата иднина да бидат врзани за нашата земја. Затоа што сме земја во подем, затоа што сме град кој што се менува, зашто сме општество кое што се менува и многу дилеми кои што сте ги имале во текот на средношколските денови полека ќе почнеме заедно со вас да ги надминуваме. Вие во многу блиска иднина ќе бидете моторот на општеството, на градот и на државата, ќе бидете оние кои ќе треба да ги менуваат работите.

Многумина од вас ќе станат лекари, инженери, правници, економисти, а јас ви пожелувам да станете и останете пред се луѓе.

Само човек што има знаење и личен интегритет е човек што ги движи и менува работите – им порача на матурантите градоначалникот Шилегов!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.