Судство ослободено од политиката и со судии кои имаат елементарни интелектуални капацитети да бидат судии.

Објавил: admin@magazin | 18 октомври, 2019 20:04

НАЈЧЕВСКА: „Дајте бре не цмиздрете туку засукајте ракави- СИТЕ КРИМИНАЛЦИ ВО ЗАТВОР„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сакате да кажете дека промените кои се направени а кои соодветствуваат на вредносниот систем на ЕУ се бадијала? Дали тоа значи дека сме ги правеле само да влеземе во ЕУ, а не затоа што ги разбираме и мислиме дека тој вредносен систем е она што може да го направи животот на граѓаните во Македонија подобар? – прашува професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи.

И кажете ми колку граѓани од Македонија емигрирале во Кина или Русија, а колку во ЕУ државите, Канада или САД? Дајте бре не цмиздрете туку засукајте ракави и да ја менуваме државата – констатира Најчевска и порачува:

Сите криминалци во затвор.
Владеење на правото.
Непартиска администрација.
Судство ослободено од политиката и со судии кои имаат елементарни интелектуални капацитети да бидат судии.
Затворање на 90% од каменоломите.
Производство на струја од ѓубре.
Најчевска прашува зошто ни е ЕУ за да ги направиме овие промени?
ЕУ ви треба за да не фрлате ѓубре на улица?
ЕУ ви треба за да не барате запослување со партиска книшка?
ЕУ ви треба за да купувате дипломи?
ЕУ ви треба за да не купувате правосуден испит?
ЕУ ни треба за да направиме трамвај?
ЕУ ни го стави Анѓушев во Влада и она детето со големи очи за министер за финансии?
ЕУ ни стави учител од Кочани да раководи до Бирото за развој на образованието?
ЕУ ни ги испозапосли сите кретени по надзорните и управни одбори?
ЕУ …
Дајте бре малку прстот на чело. – пишува Најчевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...