Ако ти е изречена прекршочна казна тоа значи дека си го прекршил законот и дека веќе не треба да го прекршуваш. Тоа не значи дека е озаконета последицата од прекршувањето што си го направил.

Објавил: Владо Марин | 13 февруари, 2020 6:51

НАЈЧЕВСКА ДО МИЗРАХИ: Глупа си од раѓање или си научила да бидеш глупа?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вмровската министерка за труд и социјална политика и на ректорот на УКИМ доколку продолжат со прекршувањето на законот може да им се изрече забрана за вршење професија, дејност или должност, пишува на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска.

Слушам вмровската министерка за труд и социјална политика изјавила дека ќе си ја плати казната и нема да ја промени таблата со називот на министерството.

Слушам, некој професор од правниот факултет им соопштил на своите колеги дека ректорот на УКИМ ќе си плати 1000 евра казна, а новоформираниот синдикат ќе си постои, пишува Најчевска.

Овие се глупи од раѓање или научиле да бидат глупи или мислат дека сите околу нив се глупи?
Ако ти е изречена прекршочна казна тоа значи дека си го прекршил законот и дека веќе не треба да го прекршуваш. Тоа не значи дека е озаконета последицата од прекршувањето што си го направил.

Со плаќањето на прекршочната казна не се обезбедува легалитет туку се става до знаење дека тоа што си го направил е спротивно на законите.

Во правото тоа значи дека секогаш кога е тоа можно треба да се адресираат последиците од прекршувањето.
Во случајот на вмровската министерка за труд и социјална политика тоа значи дека мора да ја врати таблата со официјалниот натпис, а за новоформираниот синдикат тоа значи дека има законска пречка да биде регистриран бидејќи е прекршена процедурата на неговото формирање.
И на вмровската министерка за труд и социјална политика и на ректорот на УКИМ доколку продолжат со прекршувањето на законот може да им се изрече забрана за вршење професија, дејност или должност.
Дај бре престанете да си играте мајтап со правото, вели Најчевска.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...