Да се направеше вистинско прогресивно оданочување а не фарста која потоа и ја поништивте ќе имаше пари за вакви ситуации.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 април, 2020 16:16

НАЈЧЕВСКА ДО СДСМ: Да не крадевте и не вработувавте до бесвест, ќе имаше буџетот за вакви ситуации!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мислам дека сепак некој треба да му каже на Заев дека во моментов не е никаков функционер во власта и може да зборува само како претседател на партија, а не како државник пишува на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска.

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи распали по лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кој рече дека треба да му каже некој дека во моментов не е никаков функционер во власта и може да зборува само како претседател на партија, а не како државник, бидејќи неодамна Заев излезе со прелог за воведување на минимална плата на цел јавен сектор.

Останувам на одлуката за воведување на мининална плата на цел јавен сектор како и на сите мерки што ги предложив како лидер на СДСМ, но конечната одлука ја носи владата, рече екс премиерот Зоран Заев во интервјуто за 360 Степени. Кратењето на плати во администрацијата е заради солидарноста, но и заради потреба. Веќе скративме непродуктивни трошења од 7 и пол милијарди денари. Преку намалување на платите во администрацијата, се заштедуваат милијарда денари месечно, но треба да се знае дека тие пари не одат на друго место туку пак остануваат во институциите. 

Да сакавте да го вратите украденото и да не крадевте и самите ќе имаше пари во буџетот за вакви ситуации. Да ја реформиравте администрацијата и да не вработувавте и вработувате до бесвест ќе имаше пари во буџетот за вакви ситуации.

Да не се трошеше на покривање на долгови на градоначалниците кои си купуваа автомобили и се честаваа по ручеци ќе имаше пари за вакви ситуации.
Да се направеше вистинско прогресивно оданочување а не фарста која потоа и ја поништивте ќе имаше пари за вакви ситуации.

Да не се делеа пари за партии и да се трошеа за вонредни избори ќе имаше за вакви ситуации.
Пари имаше и има само прашање е за што се трошат.
И мислам дека сепак некој треба да му каже на Заев дека во моментов не е никаков функционер во власта и може да зборува само како претседател на партија а не како државник, вели Најчевска.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...