Крадците одат во затвор. Тој кој шурува со крадци и самиот е или многу брзо ќе стане крадец.

Објавил: Перо Милчин | 30 јануари, 2019 13:20

Најчевска жестоко до Османи, крадевте и се измотавате со граѓаните

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Многу бурни реакции во јавноста откако вицепремиерот Бујар Османи застана во одбрана на директорите во чии институции е откриен пензискиот скандал.

Најчевска на социјалните мрежи напиша дека „парите не се наоѓаат таму каде што требало да се наоѓаат а тоа значи противправно располагање со туѓи средства или народски кражба“. Таа напиша и коментар на социјалните мрежи, после бурните реакции кои се направија во јавноста поради пензискиот скандал. 

„Парите не се наоѓаат таму каде што требало да се наоѓаат. Тоа се вика противправно располагање со туѓи средства или народски кражба. Еве на пример, доколку директорот во мојот институт реши пари наменети за плати на администрацијата да ги подели како плати за научниот кадар тој ќе оди на суд и ќе биде соодветно санкциониран.
Крадците одат во затвор. Тој кој шурува со крадци и самиот е или многу брзо ќе стане крадец.
Кога Османи ќе изјави дека тоа е направено од некоја претходна влада не е само смешно туку и безобразно.
ДУИ крадеше и мамеше 11 години како дел од таа претходна власт и продолжува тоа да го прави како дел од актуелната власт. Тоа што крадењето и мамењето го прави на албански јазик не значи зголемување на правата на Албанците во Македонија туку измотавање со сите граѓани во државата.“- пишува Најчевска на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...