Соасете го она малку достоинство што останало во СДСМ!

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 октомври, 2021 5:53

Најчевска: Заев – ОСТАВКА, спасете го она мало достоинство што останало

Фото/Текст извор: ©магазин

Граѓаните кои не мислат дека актуелната опозиција може да понуди било каква посакувана промена да постават ултиматум пред владејачката СДСМ. Да стават цена на својот глас кој ќе обезбеди избор на градоначалник во Скопје, избор на десетина други градоначалници и останување на СДСМ на власт се до крајот на мандатот, порачува професорката Мирјана Најчевска која во објава на Фејсбук профилот го анализира поразот што го претрпе СДСМ на локалните избори, но и она што треба да го направат за да останат на власт.

Според нејзе, граѓаните треба да побараат СДСМ до 31 октомври, односно на денот на вториот круг на изборите, да се повлече од изборната трка во Куманово и да го прифати изборот на Максим Димитриевски за градоначалник, актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат , Петре Шилегов да потпише неотповиклива оставка од местото градоначалник која ќе се активира по 2 години од изборот и веднаш да се пристапи кон барање нов соодветен кадар кој би бил понуден на вонредни избори!

Исто така таа препорачува премиерот Зоран Заев веднаш да ја прифати оставката на Венко Филипче од позицијата Министер за здравство и веднаш да се започне вистинска истрага (наместо актуелната фарса во која вината е најдена во продолжниот кабел) за повеќекратното убиство во Тетово и да започне процедура на идентификување нов Јавен обвинител кој како непартиски кадар ќе започне постапки за испитување на потеклото на имотот и на злоупотребите на службената должност на сите актуелни функционери.

– Доколку се исполнат овие услови јас лично би ги поддржала и би гласала за сите градоначалници предложени од страна на СДСМ. Ова се минимални барања кои треба да го спасат она малку достоинство што останало во СДСМ на локалните избори, и кои понатаму би довеле до следното скалило кое треба да се искачи пред наредните парламентарни избори, пишува Најчевска.

Според неа, неотповикливи оставки кои би се активирале по изборите, треба да си дадат и Зоран Заев, како претседател на партија и премиер, Љупчо Николовски, како човек задолжен за корупцијата и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Да се пристапи кон идентификување кадри кои би можеле да бидат нови функционери во претежно технократска Влада која ќе има задача да ги постави темелите на владеењето на правото.
Овие барања треба да бидат поставени од страна на граѓаните во вид на ултиматум. Неотповиклив. Дури тогаш може да зборуваме за држава, а не за тезга на која се врши најпримитивен пазарлук и се поткопува секој обид за суштинска промена. Можеби тогаш партиите ќе научат и дека не е работата да бидат лојални едни кон други туку кон граѓаните, порачува Најчевска.

Таа смета дека СДСМ за катастрофалниот пораз потфрлиле во деконструкција на апаратот на ВМРО ДПМНЕ составен од несоодветни и на противзаконски начин вработени административни службеници, судии, јавни обвинители, раководители на државни органи, вработени во културата и образованието.

-Професионализација на државниот апарат (наместо тоа се здадоа на вработување и именување додатен несоодветен кадар како награда за партискиот ангажман или по линија на роднинство и пријателство). Воспоставување систем од правила, процедури и критериуми кои ќе оневозможат самоволие на владејачките структури (од ова ептен ништо). Воспоставување основи на владеењето на правото (нема забрана за менување на законите по скратена постапка, без јавна расправа, по лична потреба). Департизација на правосудниот систем и полицијата. Градење пракса на одговорност на функционерите и за најмала грешка во секторот кој го покриваат, набројува Најчевска зошто СДСМ не заслужува да остане на власт.

Но, и покрај овие грешки на СДСМ таа ги нотира грешките и на опозициската партија и тоа што граѓаните немаат сили да поддржат друга опција, па промента, според неа е скоро невозможна.

Меѓутоа, во услови кога првата по големина опозициона партија ВМРО ДПМНЕ (која беше симната од власт после големи демонстрации на кои беше манифестирано огромно незадоволство на голем број граѓани) со ниту една активност не покажа дека разбрала каде згрешила, не ги осуди криминалите и криминалците од времето кога беше на владејачка позиција и не понуди промена во однос на сопственото претходно владеење, изборот е скоро невозможен. Ова е уште потешко во ситуација кога граѓаните немаат сили да поддржат трета опција. Тоа ја прави промената скоро невозможна, пишува професорката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...