Не сакаат запослување без врски, туку тие да можат да се запослат со врски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јануари, 2021 5:31

НАЈЧЕВСКА: За да се промени нешто во Македонија тоа треба да го сакаат граѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За да се промени нешто во Македонија тоа треба да го сакаат граѓаните, вели во фејсбук статус професорката Мирјана Најчевска!

Таа вели дека граѓаните не сакаат промена туку сакаат замена и не сакаат намалување на сиромаштијата туку тие да не се сиромашни.

Не сакаат намалување на администрацијата туку тие да се дел од администрацијата.
Не сакаат намалување на привилегиите туку да има привилегии за нив.

. Не сакаат оценување и напредување според квалитет туку тие и нивните блиски да бидат високо оценети и тогаш кога не ги бива за ништо.

. Не сакаат запослување без врски, туку тие да можат да се запослат со врски.
не сакаат казнување на криминалот, туку тие да не бидат казнети,

. Не сакаат политичари кои знаат и умеат, туку политичари кои ќе им обезбедат дел од колачот.

Во вакви услови секој обид за промена е осуден на неуспех, вели професорката!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.