Досегашниот директор на АД „Македонска пошта“, Ејуп Рустеми, ќе биде нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 октомври, 2020 7:29

Најчевска: За Рустеми треба да се покрене постапка за злоупотреба на службената положба и овластување

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Според професорката Најчевска за досегашниот директор на АД „Македонска пошта“, Ејуп Рустеми, кој ќе биде нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта, треба да се разгледа можноста за покренување постапка врз основа на член 353 од Кривичниот законик – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Според Законот за јавните претпријатија, Ејуп Рустеми до сега требало да биде:

– повикан на одговорност заради повеќекратно поднесување на негативен извештај за работа (член 5 од Законот за јавни претпријатија)
– повикан на одговорност од страна на Управниот одбор (член 19 и 24 од Законот за јавни претпријатија)
– повикан на одговорност затоа што не ги отстранил негативностите во работењето во рок од 6 месеци (член 23-а од Законот за јавните претпријатија)
– да одговара солидарно и неограничено за нанесената штета (член 24 од Законот за јавните претпријатија)
– разрешен од функцијата (член 24-а од Законот за јавните претпријатија)

Досегашниот директор на АД „Македонска пошта“, Ејуп Рустеми, ќе биде нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според мене во овој случај треба да се разгледа можноста за покренување постапка врз основа на член 353 од Кривичниот законик – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Мислењата се поделени.

Според моето мислење уништено е јавно добро, нанесена е огромна штета и едно јавно претпријатие е доведено до пропаст, вели Најчевска!

Во таква ситуација тој кој што раководел треба да биде санкциониран (Управен одбор, Надзорен одбор и директор).

Мислењето на Владата е дека овој човек треба да добие ново директорско место во друго јавно претпријатие.

Досегашниот директор на АД „Македонска пошта“, Ејуп Рустеми, ќе биде нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Информацијата денеска ја потврди премиерот Зоран Заев.

Рустеми е кадар на ДУИ, а покрај директор на „Пошта“, во два мандата (во 2002 и во 2014) беше избран и за пратеник во Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...