Не мислам дека новинарската фела треба да застане во одбрана на злоупотребата на слободата на говорот туку да ја осуди токму со цел заштита на истата таа слобода.

Објавил: Перо Милчин | 25 август, 2019 14:58

НАЈЧЕВСКА: “ИНФОМАКС не е медиум туку разгласна станица на ВМРО-ДПМНЕ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Инфомакс во повеќе наврати и од страна на повеќе субјекти и организации е идентификуван како создавач и пренесувач на лажни вести, дистрибутер на говор на омраза и поттикнувач на омраза и насилство, пишува професорката Мирјана Најчевска.

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи напиша доколку веќе има пресуди против порталот “Инфомакс” за ширење на лажни вести, мисли дека секое наредно дело треба да се смета како дел од продолжено кривично дело и соодветно да се димензионира и казната.

Фејсбук статусот на Мирјана Најчевска:

Прво, Инфомакс не е медиум туку разгласна станица на ВМРО-ДПМНЕ

Второ, Инфомакс во повеќе наврати и од страна на повеќе субјекти и организации е идентификуван како создавач и пренесувач на лажни вести, дистрибутер на говор на омраза и поттикнувач на омраза и насилство.

Трето, доколку веќе има пресуди против нив токму за ширење на лажни вести мислам дека секое наредно дело треба да се смета како дел од продолжено кривично дело и соодветно да се димензионира и казната.
Во моментов мислам дека против нив не е доволно и не треба да се водат индивидуални постапки туку да се поднесуваат кривични пријави со цел соодветно санкционирање.
И не мислам дека новинарската фела треба да застане во одбрана на злоупотребата на слободата на говорот туку да ја осуди токму со цел заштита на истата таа слобода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести