Ти голема бела птицо не можеш ни да замислиш каква штета се нанесува со внесувањето на терминот северџани и на какво понижување ги изложуваш сите граѓани на Република Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јуни, 2019 13:18

Најчевска и Каракамишева ВО ВОЈНА: Јас сум балерина толку колку си ти интелектуалка!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи остро и коментираше на својата колешка Тања Каракамишева, велејќи дека со употреба на терминот „северџан“ ги понижува сите граѓани на Република Македонија.

Во продолжение целиот фејсбук статус:
Каракамишева, јас за тебе сум професорката Најчевска.
Ти драга моја голема бела птицо не можеш кутрата да разбереш дека толку колку што сум јас балерина толку си ти драга моја голема бела птицо интелектуалка.
Ти голема бела птицо не можеш ни да замислиш каква штета се нанесува со внесувањето на терминот северџани и на какво понижување ги изложуваш сите граѓани на Република Северна Македонија и сите оние кои се бореле и изгинале за да може да ја имаме оваа наша самостојна и независна и сопствена држава.

И да, голема бела птицо, употребата на спомнатите изрази со кои се врши дехуманизација на одредена група луѓе заради нивната партиска припадност е говор на омраза. Тие се дел од атмосферата која ја градеше ВМРО-ДПМНЕ националистичка и ти мила моја голема бела птицо како нивни барјактар.
Ти голема бела птицо не ни разбираш за што зборувам туку повторуваш напамет научени фрази и мислиш дека на тој начин стануваш нешто повеќе од обична голема бела птица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...