Зошто да почитува полицаец кој до вчера со него крадел.

Објавил: Перо Милчин | 30 мај, 2020 23:49

НАЈЧЕВСКА: Луѓето во Македонија немаат доверба во власта!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Граѓаните нема да имаат доверба и ниту една мерка нема да успее се додека не го промениме системот и на управувачките позиции дојдат луѓе кои знаат и умеат и имаат искуство, пишува на Фејсбук статус професорката Мирјана Најчевска.

Најчевска вели дека луѓето во Македонија немаат доверба во власта бидејќи тие кои управуваат со државата не се знае на каков начин дошле на тие позиции.

Луѓето кои не веруваат во институциите нема да спроведуваат ниту една мерка која доаѓа од тие институции.
И да ви кажам право не знам зошто би им верувале, потенцира Најчевска.

Мирјана Најчевска беше еден од нај активните активисти на „шарената револуција“. Таа е професорка, активистка и експертка од областа на човековите права со контроверзен углед, активен борец за промоција и заштита на човековите права на маргинализираните групи.

Како може да имаат доверба во тие кои управуваат со државата кога знаат како дошле на тие позиции. Гласале затоа што им се заканиле, ги поткупиле, воопшто не гласале ама кутиите биле полни,

Како да има доверба во институција која ја раководи неговиот соученик од основно кој со крајни напори научил да множи и дели.
Зошто да верува во службеник за кој знае дека се запослил на место за кое нема ни знаења ни вештини ни искуство.
Зошто да почитува полицаец кој до вчера со него крадел.
Како да верува во премиер кој се окружил со кафански певаљки, хоштаплери и јагуриди.
Што да очекува од судија кој ја купил дипломата.

И граѓаните нема да имаат доверба и ниту една мерка нема да успее се додека не го промениме системот и на управувачките позиции дојдат луѓе кои знаат и умеат и имаат искуство. И кои нема да ти ги запослат синот или жената, ама ќе создадат институции кои функционираат, тврди професорката Мирјана Најчевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...