Зошто вчерашниот марш беше глуп?

Објавил: Перо Милчин | 19 февруари, 2020 7:27

НАЈЧЕВСКА: Маршот на СДСМ беше ГЛУП – пополека но сигурно СДСМ станува ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ фактички е политичка партија која во моментов ја држи власта во државата. Значи со овој марш СДСМ ни вели дека не знае што да прави со таа власт и не знае како да се справи со проблемот на владеење на неправото и повикува да дојде некој да го реши овој проблем, пишува на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска.

Зошто вчерашниот марш беше глуп?

Затоа што го иницираа и предводеа луѓето кои имаа шанса од позиција на власт да направат суштински промени во правосудниот систем, а не направија, вели Најчевска.

Граѓанските организации маршираат за да може да се слушне гласот на граѓаните кога не се задоволни од политиките на оние кои што се на власт.
СДСМ фактички е политичка партија која во моментов ја држи власта во државата. Значи со овој марш СДСМ ни вели дека не знае што да прави со таа власт и не знае како да се справи со проблемот на владеење на неправото и повикува да дојде некој да го реши овој проблем.

Јас и понатаму тврдам дека СДСМ е подобра партија од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа СДСМ не покажа дека има капацитет (морален и интелектуален) да го деконструира груевизмот. И јас немам верба дека тоа може да го направи.

Вчерашниот марш само ми го потврди стравувањето.
СДСМ пополека но сигурно станува ВМРО-ДПМНЕ, пишува Најчевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...