Може да си ги впишете имотот на комшијата. Може и имотот на државата. Може да ја продадете државата парче по парче или цела топтан. И судијката ќе ве ослободи од било каква одговорност.

Објавил: Перо Милчин | 4 јули, 2019 21:48

Најчевска распали: „И државата да ја продадете парче по парче, судијката ќе ве ослободи без одговорност„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи, за пресудата на Латас и неговите браќа, во кои беа ослободени за случајот „Тревник“, од страна на Уставниот суд.

Браќата се гонеа од страна на СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според нив почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле дури во 2013 година.

Од Уставниот суд се изјаснија дека од суштествено значење е што никоја од институциите не реагирале, или не утврдиле дека се градат дивоградби. 

На пресудата реагираше и професорката Мирјана Најчевска, во која како што пишува, дека доколку си најдете некој во власта кој ќе обезбеди ниту една институција да не реагира на вашето незаконско делување, може слободно да крадете, да мамите, да тепате, да сакатите, да убивате.

“Судијката (МАРИЈА КЛЕТНИЧКА МАРКОВСКА) појасни дека од суштествено значење е што никоја од институциите не реагирале, односно не утврдиле дека се градат дивоградби. Потоа објектите биле впишани, а никој не го оспорил нивното впишување во Катастиар.“
Објаснување: доколку си најдете некој во власта кој ќе обезбеди ниту една институција да не реагира на вашето незаконско делување, може слободно да крадете, да мамите, да тепате, да сакатите, да убивате.

Може да си ги впишете имотот на комшијата. Може и имотот на државата. Може да ја продадете државата парче по парче или цела топтан. И судијката ќе ве ослободи од било каква одговорност.
Епа драги мои, ако не се направи потполна (ЧИТАЈ: ПОТПОЛНА) чистка на сите (ЧИТАЈ: СИТЕ) судии и сите (ЧИТАЈ: СИТЕ) обвинители, ние ќе си останеме турски вилает од 18 век, ама никако (ЧИТАЈ: НИКАКО) не може да бидеме наречени држава (какво и име да и дадеме).
Во некоја нормална држава би рекла дека за оваа конкретна пресуда мора да реагира Судскиот совет, ама во пашалакот во кој живеам, тоа е бесмислено.
Е ова е рушење на Уставниот поредок. Кога судијата ќе ти каже дека може да правиш криминални дејствија доколку имаш дозвола од државата.
Каква бре ЕУ. Каков бре напредок. Ние сме заглавени до грло во феудализам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести