Обвинетите се товарат за Криумчарење

Објавил: admin@magazin | 18 јули, 2018 14:15

На градоначалникот на Ново Село ќе му биде продолжен притворот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Од Обвинителството соопштуваат дека „По завршување на истражна постапка и прибирање на материјални и вербални докази во предметот, ОЈО-Струмица денеска до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против пет лица за сторено кривично дело Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Kривичниот законик“.

Од Обвинителството соопштуваат и дека доставен е и предлог за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети.

Обвинетите се товарат дека на 10 јули 2018 година, заеднички како соизвршители, избегнувајќи ја царинската контрола се занимавале со пренесување на непријавени стоки – цигари од значителна вредност. По претходен меѓусебен договор, двајца од обвинетите во с. Ново Коњарево во две теренски возила натовариле 66 картонски кутии во кои имало 32.980 кутии цигари од марката „Калипсо“. Заедно со уште двајца обвинети со возилата се упатиле по полскиот пат кон с. Бадилен, продолжиле кон граничниот појас помеѓу Република Македонија и Република Бугарија каде петтиот обвинет кој ги чекал, имал задача да го надгледува теренот за да извести за евентуално присуство на полицијата. При нивното пристигнување во местото Попина Чука, на два километри од границата биле откриени и фатени од полициски службеници.“ – се вели во соопштението од Обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести