И денес без поголеми задржувања на граничните премини за излез од Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 8:57

На граничниот премин “Богородица” утрово за излез од државата се чека до 30 минути

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Се препорачува внимателно возење прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ потсетуваат дека во клисурите и засеците е можна појава на одрони особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево / Виница – Берово / Гостивар – Стража / Маврово – Дебар – Струга / Демир Капија – Удово / Катланово – Велес / Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини според Автомото сојузот е зголемен. На граничниот премин “Богородица” за излез од државата се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања за влез и за излез од државата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...