Јане Сандански е роден е во селото Влахи, Пиринска Македонија, во семејството на Иван Сандански.

Објавил: admin@magazin | 18 мај, 2019 13:12

На денешен ден роден е ПИРИНСКИОТ ЦАР, ЈАНЕ САНДАНСКИ војвода и водач на Македонската револуционерна организација!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На денешен ден е роден Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар, Сандан-паша и Старикот. Тој е македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација.

Јане Сандански е роден е во селото Влахи, Пиринска Македонија, во семејството на Иван Сандански. Во текот Руско-турската војна од 1877 година, неговите родители и соселани биле принудени да избегаат во Горна Џумаја.

Знаменосец на една од македонските чети кои во Кресненското востание, бил неговиот татко. По задушувањето на востанието, семејството Сандански се засолнало во Дупница, каде што го минал детството. Завршил основно училиште и два класа од прогимназијата, подоцна станал кондураџиски чирак и му помагал на својот татко во полските работи. Во 1892 година, бил регрутиран во бугарската армија.

Во есента 1914 година, во полниот разгор на австриско-српскиот судир, кога Пиринска Македонија била во составот на Бугарија, мнозина македонски револуционери и Јане Сандански, токму во подготовките и почетокот на четнички акции во Македонија под Србија и Грција под раководство на ВМРО на Александров, биле во своите родни краеви во Македонија под Бугарија, или во Софија. 

По завршувањето на воената служба станал молбописец, кај својот чичко Спас Харизанов, адвокат и поранешен македонски учител.
Во 1895 година, дошло до раздвижување на македонската емиграција во Бугарија, под налет на настаните, зел активно учество и како четник учествувал во Мелничкото востание.

Во текот на Грчко-турската војна од 1897 година, Врховниот комитет режирал втора прошетка по Македонија. Била формирана чета под водството на Крсто Захариев, а Сандански бил еден од четниците кои требало да навлезат во Македонија. По враќањето во Бугарија, влегол во друштвото Младост кое имало за цел самообразование на своите членови и будење на регионот. Во февруари 1899 година бил назначен за управник на дупничкиот затвор.

Серскиот револуционерен округ на Внатрешната организација по востанието не случајно бил зафатен од нов бран на врховистичка пенетрација. Серскиот округ бил тврдина на Сандански и неговите приврзаници, најголемите непријатели на врховизмот и јадрото на реформската струја која се појавила во Организацијата по востанието.

Истата година, Никола Малешевски го детално го информирал за дејност на Македонската револуционерна организација и ја организирал првата негова средба со Гоце Делчев. Малешевски и Гоце успеале да го привлечат кон Внатрешната организација и нејзините цели. Заедно со Димо Хаџи Димов го реорганизирал дупничкото македонско друштво на Врховниот комитет од Софија и започнал активност за приближување кон Внатрешната организација.

По неуспешниот заговор против бугарскиот цар, Сандански западнал во разочараност и се вратил во својот манастир кај Мелник. Тука се случил еден настан кој претходел на убиството на Старикот. Кога Бугарија го барала виновникот за она што станало по завршетокот на Втората балканска воjна, еден познат младич со својот автомобил го прелетал пиринското царство на Сандански, наоѓајќи за потреба да му испрати многу поздрави со зборовите: Речете му на Сандански дека за сето што стана мојот татко не е виновен! 

Телото на Јане Сандански. Според некои извори, организатор на убиството на Сандански бил Стојан Филипов, а како физички убиец се посочува Андон Качарков. Подоцна судот ги ослободил поради недостиг на докази. Јаневото тело било пронајдено од еден караван, по што било пренесено во Роженскиот манастир.

Она што е интересно е фактот дека младичот кој го прелетал пиринското царство со автомобил бил синот на бугарскиот цар, Борис ІІІ. Димитар Митрев истакнува дека:… поздравот до Сандански, е само обланда на константниот страв од акциите на човекот што беше најопасниот Фердинандов противник, и не само обланда, но и една перфидија.
На 20 април 1915 година, Сандански заминал од Роженскиот манастир за Неврокоп.

По пат преспал во родното село Влахи. Следното утро продолжил сам, без придружба и заштита. Кај месноста Блатата, била поставена заседа и бил отворен оган врз него. Јане Сандански паднал од коњот и ја скршил ногата, меѓутоа престрелката продолжила. Нaпадот бил извршен од околу седум до осум души вооружени со пушки. Напаѓачите биле од неврокопската реонска чета на ВМРО на Тодор Александров. Еден од нив успеал од зад грб да го застрела Сандански . Според некои извори, организатор на убиството на Сандански бил Стојан Филипов, а како физички убиец се посочува Андон Качарков. Подоцна судот ги ослободил поради недостиг на докази. Јаневото тело било пронајдено од еден караван, по што било пренесено во Роженскиот манастир.

На околу 200 метри источно од овој манастир се наоѓа црквата Св. Св. Кирил и Методиј изградена во 1914 година, под ктиторство на Самиот Сандански. Тука се наоѓа неговиот гроб. На надгробна мермерна плоча се читаат неговите зборови:

Да живееш значи да се бориш. Робот – за слобода, а слободниот – за совршенство

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...