Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јуни, 2020 11:35

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: На планината Лопушник е убиен КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден 13 јуни убиен е Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин македонски книжевник и социјалистички деец, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.

Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зеде од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ.
Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.

Кочо (Коста Солев) Рацин е роден во 1908 година, во Велес. Уште во детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесетта година бил присилен да му се посвети целосно на татковиот занает.

На денешен ден 13 јуни убиен е Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин македонски книжевник и социјалистички деец, најпознат по својата поезија.

Во 1924 година Рацин станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во 1926 година станува и член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес. Истовремено е активен и во синдикатот. Во 1924 година синдикално се организира, во 1926 година станува дописник на весникот „Организовани радник“ (орган на Независните работнички синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ), а на 19 октомври 1928 година е избран за секретар на Месниот синдикален совет во Велес.

Во ноември 1928 година учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но, набрзо, во април 1929 година заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац. 

По излегувањето од затвор, во 1938 година, Рацин работи во Белград, во печатницата на весникот „Правда”.

Во Белград, Рацин живеел полуилегално и живеел во станот на Александар Вучо, а своите текстови ги потпишувал со иницијали или со разни псевдоними.[4] Во овој период Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во 1939 година кога ја објавува својата стихозбирка „Бели мугри“. Во меѓувреме пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, филозофијата и историјата што од него ќе направат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на бивша Југославија.

Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во 1940 година кога доаѓа до нарушување на односите помеѓу Рацин и КПЈ. Во тоа време е во полн ек т.н. судир на книжевната левица и од Рацин е побарано да напише статија против Мирослав Крлежа и неговите соработници од списанието „Печат“. Бидејќи Рацин не постапува така, ЦК КПЈ донесува одлука за исклучување на Рацин од партијата. Дополнително, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана на 8 септември 1940 година (на која Методија Шаторов – Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија), поради посетата на Рацин на тогашниот бан на Вардарската бановина, Жика Рафајловиќ (или на помошникот на банот Александар Цветковиќ), како и поради критика на покраинското раководство, Рацин е казнет со бојкот.

На 5 мај 1943 година Рацин тргнува од Скопје во партизани, со група од осуммина, меѓу кои е и Добривое Радосавлевиќ.

По пристигнувањето во одредот „Кораб” станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народноослободителни песни.
Но, набрзо, Рацин загинува. Вечерта на 13 јуни, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан од Мино Миновски, партизанот кој го чувал пристапот кон печатницата. Според податоците кои ги наведува Перо Коробар, при тоа Рацин бил на триесетина метри подолу од него, а партизанската база се наоѓала на 300-400 метри од печатницата.
Има две верзии околу смртта на Рацин. Според првата, станува збор за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум.

Според втората верзија тој е намерно убиен. Според некои наводи, Страхил Гигов политички го изолирал Рацин и го организирал неговото убиство, а сомнежи дека се работи за наместен случај фрла и податокот дека Рацин, пред заминувањето во партизани и на патот до партизанскиот одред, веројатно влегол во судир со Добривое Радосавлевиќ, како и податокот според кој на Рацин му бил одземен пиштолот додека бил во партизанскиот одред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.