За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година.

Објавил: Перо Милчин | 26 февруари, 2020 8:56

НА ДЕНЕШЕН ДЕН пред 16 години загина Борис Трајковски, вториот претседател на Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден пред 16 години загина поранешниот претседател Борис Трајковски.

Трајковски загина на 26 февруари 2004. Тој беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа

Траjковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи.

До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Скопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љубчо Георгиевски.

Трајковски загина на 26 февруари 2004. Тој беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа

Траjковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно – политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: “Решавање на конфликти” со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода, бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.
За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година.

Многумина Македонци сметаат дека претседателот Трајковски загинал под неразјаснети околности, незадоволни од официјалното објаснување дека се работи за грешка на пилотот во авионот. Постојат шпекулации дека тој можеби бил жртва на атентат.

Вилма Трајковска е поранешна Прва Дама на Република Македонија, сопруга на починатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и активист во невладиниот сектор.

Рејтингот на Трајковски дури беше претседател беше доста низок, но по несреќата што му се случи неговиот углед нагло порасна.

Генералното мислење за Трајковски по неговата смрт не е далеку од изјавата што стои на официјалниот сајт на Меѓународната фондација Борис Трајковски каде се вели:

Претседателот Трајковски беше особена личност, кој се посвети себеси многу повеќе од она што се бараше од него како претседател.

Тој беше вистински народен човек и го живееше својот живот посветен на својата земја Македонија, како и на поголема регионална и меѓународна соработка. Како голем поборник за единствена Македонија, Претседателот Трајковски беше активен во сè она што го правеше, вистински верувајќи дека Македонците со различно етничко и религиозно потекло можат да живеат и работат заедно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани