Колозов беше еден од доајените на македонската глума, кој заедно со својата сопруга Шенка Колозова создадоа и оставија безвременски ремек дела – македонски народни приказни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 октомври, 2019 15:36

На денешен ден пред 16 години почина доајенот на народните приказни Ѓорѓи Колозов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред точно 16 години на овој ден Македонија го загуби царот на Народните приказни Ѓорѓи Колозов.

Колозов беше еден од доајените на македонската глума, кој заедно со својата сопруга Шенка Колозова создадоа и оставија безвременски ремек дела – македонски народни приказни.

На овој ден во 2003 година Колозов почина неочекувано на 55 годишна возраст, а зад себе остави многу актерски дела кои и денеска се актуелни пред малите екрани.

Колозов и Шенка имаат две ќерки Кристина и Катерина кои нажалост не ги следеа нивните стапки, но се успешни жени.

Денеска се навршуваат 16 години од смртта на легендарниот македонски актер Ѓорѓи Колозов.

Ѓорѓи Колозов беше роден на 26 февруари 1948 во Богданци а почина на 13 октомври 2003 во Скопје. Тој беше еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот.

Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година.

По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.

Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.

Почнувајќи од 1984 година, со серијата која првично била насловена како „Легенди и преданија“, па од 1986 до 2003година како телевизиска серија „Македонски народни приказни“ во продукција на МРТ, имал снимено околу 300 епизоди.

Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил во 1975 г. На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.

Во 2016 година од страна на Државниот архив на Република Македонија биле објавени документи според кој Ѓорѓи Колозов бил следен од страна на Управата за државна безбедност во времето кога бил студент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.