На погребот на сопругот на познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ беа присутни над 2 илјади луѓе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јануари, 2020 16:33

На денешен ден пред 20 години е погребан Аркан- тажна слика на неговиот гроб (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска одминуваат 20 години од погребот на Жељко Ражнатовиќ Аркан (48) кој беше командант на српската доброволна гарда.

На погребот на сопругот на познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ беа присутни над 2 илјади луѓе.

Аркан беше убиен на 15 јануари 2000-та година во познат белградски хотел, а денеска српските медиуми го посетија неговиот гроб, но денеска никој од семејството не го посетил покојниот Аркан. На гробот можеле да се забележат свежи цвеќиња кои по претпоставка на медиумите се донесени пред неколку денови, или на денот кога Аркан бил убиен. 

Жељко Ражнатовиќ бил убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште. По повод убиството на Аркан се прават различни мислења, од кои две имаат најголема предност. Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата а според другата тоа има политички интерес.
Аркан од војната во Босна и Херцеговина излегол со многу богатство на крај.

Освен рози во црвена и бела боја таму немало ништо друго пишуваат српските медиуми бидејќи Цеца и децата речиси не пропуштаат одбележување на вакви настани.

Жељко е роден во Брежица, мало место во Словенија. Неговиот татко Велко бил офицер на воздухоплоството во ЈНА. Аркан живеел со својата мајка која била само комунистичка активистка заедно со своите три сестри. Неговите родители се разведиле уште кога Аркан бил дете. Неговиот татко често го тепал во младоста и тогаш Жељко често пати го напуштал својот дом и вршил различни пљачки низ своите сограѓани.

Во Белград повторно се занимавал со кражби на трафики па неговиот татко го пратил своето школување да го заврши во Нови Сад. Во тогашно време Аркан најмногу посакувал да биде пилот но сепак се запишал на Поморска школа во Котор. Но како „слеп патник“ се качил на некој брод и пристигнал на Трст. Таму, заедно со неговата група повторно извршува различни кражби кои подоцна ги продавал за да на крај биде фатен во Загреб и уапсен по три години во малолетничкиот затвор во Валево и Пожаревац.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.