Како вокална поддршка Тамара ќе ги има извонредните гласови на Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2019 19:24

На евровизиската сцена Тамара ќе настапи со уште две прекрасни дами (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Тамара Тодевска на 16 мај ќе ја претставува нашата земја на сцената на „Евровизија“ во Тел Авив.

Денеска беше претставен дел од тимот кој се уште се комплетира. Како вокална поддршка Тамара ќе ги има извонредните гласови на Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

Тамара на својот Твитер профил се пофали со нејзините придружни вокали

На својот Твитер профил пејачката напиша: Запознајте ги моите неверојатни пратечки вокали Александра Јанева, Антониа Гиговска и Васил Гарванлиев. Ние едвај чекаме да дојде 16 мај.

За потсетување, Тамара нѐ претставуваше на Евровизија во 2008 година со Врчак и Адријан Гаџа, а како придружен вокал беше во 2004 година со Тоше Проески и во 2014 година со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ. Инаку Тамара беше избрана за претставник на Евровизија од страна на МРТ.

Еврвизиската песна на Тамара е дело на нејзините долгогодишни соработници, музиката е авторско дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. На сцената во Тел Авив, Тамара ќе настапи во втората полуфинална фестивалска вечер на 16 мај. Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале, беше Калиопи во 2012 година. На престојниот Евросонг кој ќе се одржи во Тел Авив во мај, нашата претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името „Северна Македонија“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести