Екстремната десница Алтернатива за Германија, го почна крајот на политичката кариера на германската канцеларка Ангела Меркел со "победа" на локалните избори во Баварија

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 8:13

На изборите во Баварија најлош резултат на сојузниците на Меркел од 1950 година

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политичките аналитичари во Германија едногласни, Меркел може да ја “пакува” политичката кариера, на сцената има нова десница.

Христијанската социјална унија (ЦСУ), баварската сестринска партија на Христијанско демократската партија на германската канцеларка Ангела Меркел, на локалните избори во Баварија постигна најлош резултат од 1950 година.

Гласовите на ЦСУ отидоа на контото на ултрадесничарите, што е чекор наназад, кој носи ризикот од ширење на поделби во рамките на актуелната германската влада подложна на кризи.

Според анкетите на излезност објавени од страна на германската државна телевизија АРД, ЦСУ освоила 35.5 отсто од гласовите и со тоа го загуби апсолутното мнозинство во провинцискиот парламент вторпат од 1962 година, што е исход, кој сигурно ќе ги поттикне внатрепартиските битки во партијата која веќе претставува тежок партнер за Меркел во Берлин.

На второ место е екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД), која за прв пат влегува во баварскиот парламент. ЦСУ, која досега владееше сама, ќе мора да формира коалициска влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...