Најавено е на утрешната свечена инаугурација дека ќе присуствува и шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2019 17:33

На инаугурацијата на Пендаровски ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утре новоизбраниот претседател Стево  Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница на македонското собрание каде  официјлано ќе го отпочне неговиот петгодишен мандат како шеф на државата.

Јоргос Катругалос е именуван за нов министер за надворешни работи во февруари годинава

Најавено е на утрешната свечена инаугурација дека ќе присуствува и шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос како претставник на грчката влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој утре ќе се упати кон Македонија, за да присуствува на инаугурацијата на Стево Пендаровски.

– Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, утре, 12 мај ќе замине за Скопје за да ја претстави грчката влада на инаугурацијата на новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. – соопштуваат од грчкото МНР.

Инаку претседателот Стево Пендаровски кој беше избран на 5ти мај, од страна на граѓаните по пат на претседателски избори, денеска го доби уверението за претседател на Република Северна Македонија. 

ДИК денеска ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата.

Стево Пендаровски пред новинарите во ДИК изјави дека ќе се зафати со реформа на разузнавачките служби, особено во делот на Агенцијата за разузнавање, но во неа нема да има место за четири лица што се под истрага на Обвинителството.

„Сите оние кои се огрешиле пред законот и Уставот, а според моите информации Обвинителството води истрага за 4 такви лица, нема да бидат дел од тимот што е под ингеренција на Претседателот“, одговори Пендаровски на новинарски прашања по денешното врачување на Уверението за претседател на државата од ДИК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести