Вистината ја допрев во моето трагикомично гостување на ,,1ТВ,, кое требаше да личи на тв дуел меѓу мене и БОКИ 13, ама тој непримерено се возбуди при спомнување на трансферот помеѓу правното лице ,,ДАН МАК,, и ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА, од 250.000 евра, па не ми дозволи повеќе да зборувам.

Објавил: admin@magazin | 29 јануари, 2020 22:18

На лагата кратки и се нозете, ИСПЛИВАА ДОКАЗИ: Лила Филипоска подигнала во кеш 250.270 евра(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот Зоран Божиновски на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледа како екс пријателката од Боки 13, Лила Филиповска подигнала 250.000 евра во кеш кои според сознанијата на Божиновски, ова биле парите со кои е основан ,,МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ,, и со кои е организиран гламурозниот собир во хотел ,,АЛЕКСАНДАР ПАЛАС,, во Скопје и пари кои беа почетен капитал за ,,1ТВ,,

Божиновски во својата објава вели дека ЛИЛА ФИЛИПОВСКА СТОЈАНОВСКА на 21 јуни 2017 во 16 и 18 минути, примила трансфер на лична сметка во СТОПАНСКА БАНКА Скопје, во износ од 13.500.000 денари, од правното лице ,,ДАН МАК,, Скопје, со сметка во СИЛК РОАД банката.

Божиновски се прашува зошто ниту една институција во Република Македонија НЕ РЕАГИРАЛА на идната трансакција направена само 70 минути подоцна, кога во 17 28 часот ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА комплетниот износ од 13.500.000 денари го подигнала ВО ГОТОВО, а благајникот во СТОПАНСКА БАНКА Скопје во рок веднаш овој мега денарски износ и го конвертирал во ЕВРА. 

Она што ниедна институција не го спречила, денес на делчиња се процесуира, со тројца обвинети и сурија нивни соучесници кои на овој или оној начин се спасиле и или соработуваат и кодошат по кулоари или имаат политичка заштита поради примената на овдешното сфаќање на примена на селективна правда.

Во продолжение ви го пренесуваме статусот на Зоран Божиновски.

КОГА ЛИЛА ЛАЖЕ

Колку што јас се разбирам од сведочења во кривични предмети, а подоста се разбирам бидејќи последните години се изнаслушав сведоци што лажат, денешното сведочење на процесот од предметот ,,РЕКЕТ,, на ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА беше ЛАЖНО. А за лажно сведочење таа била предупредена пред да почне дека може да заглави затвор.

Од сведочењето слушнавме дека популарната водителка и ИНФЛУЕНСЕРКА (ма што тоа да значи!), била донаторка на ,,1ТВ,, со 25.000 евра, а и позајмила 500.000 денари на БОКИ 13, пишува Божиновски.
Вистината ја допрев во моето трагикомично гостување на ,,1ТВ,, кое требаше да личи на тв дуел меѓу мене и БОКИ 13, ама тој непримерено се возбуди при спомнување на трансферот помеѓу правното лице ,,ДАН МАК,, и ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА, од 250.000 евра, па не ми дозволи повеќе да зборувам. Станува збор за НЕЗАКОНСКИ трансфер на пари, по договор ОДУ бр 385/2017 од 12 јуни 2017 година.

Од сведочењето слушнавме дека популарната водителка и ИНФЛУЕНСЕРКА (ма што тоа да значи!), била донаторка на ,,1ТВ,, со 25.000 евра, а и позајмила 500.000 денари на БОКИ 13.

СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА успеала претходно да ги измами сопружниците Даниел и Ена Нирнолд, како нивно заштитно лице, да инвестираат 250.000 евра во проекти од ЕУ, слични на оние кои требало да бидат работени со СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ама се изјаловија. За овие инвестирани средства, сопружниците НИРНОЛД како градежници, за шест месеци требало да добијат проект вреден 3.058.000 евра, а провизијаод заработката требало да заработат ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА и СТЈЕПАН од Хрватска, за кој претпоставувале дека е БОКИ 13.

Криминалот се состои во тоа што ЛИЛА ФИЛИПОВСКА СТОЈАНОВСКА на 21 јуни 2017 во 16 и 18 минути, примила трансфер на лична сметка во СТОПАНСКА БАНКА Скопје, во износ од 13.500.000 денари, од правното лице ,,ДАН МАК,, Скопје, со сметка во СИЛК РОАД банката. НИТУ ЕДНА, ама баш ниту една институција во Република Македонија НЕ РЕАГИРАЛА на идната трансакција направена само 70 минути подоцна, кога во 17 28 часот ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА комплетниот износ од 13.500.000 денари го подигнала ВО ГОТОВО, а благајникот во СТОПАНСКА БАНКА Скопје во рок веднаш овој мега денарски износ и го конвертирал во ЕВРА. И исплатил на рака:

Лила истакна дека дала 500.000 денари позајмица на “БМЈ МЕДИА ГРУП.” а никогаш не примила пари од истата.
Сведочењето за случајот ќе продолжи со испрашување на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал.

400 апоени од по 500 евра = 200.000 евра
90 апоени од по 200 евра = 18.000 евра
2 апоени по 100 евра = 200 евра
1 апоен од 50 евра = 50 евра
1 апоен од 20 евра = 20 евра
или 218.270 евра

Ама, тука не е крајот! ЛИЛА ,,цркала,,, вриштела и пиштела по НИРНОЛДОВИ дека изгубила на курсна разлика, па дополнително на 6 јули 2017 на сметката пак од ,,ДАН МАК,, примила 1.979.200 денари кои пак веднаш ги подигнала и ги конвертирала во 32.000, па така добила вкупно 250.270 евра, кои му ги предала на СТЈЕПАН од Хрватска.

Според сите мои сознанија, ова се парите со кои е основан ,,МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ,, и со кои е организиран оној гламурозен собир во хотел ,,АЛЕКСАНДАР ПАЛАС,, во Скопје и пари кои се почетен капитал за ,,1ТВ,,.
За мене, индикативно е што Управата за финансиско разузнавање и Финансиска полиција овие трансфери ги ПРЕСПАЛЕ или пак некој моќен од сенка дал сигнал да се ќути и да не се реагира.

Било кој смртник од Република Македонија да направи нешто слично, да прими или испрати пари, во десеткратно помал износ отколку овие 250.270 евра, веќе следните неколку часа ќе биде баран под земја и камен, приведен на распит и процесуиран. На ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА до денес баш никој ништо не и може, иако Даниел и Ена Нирнолд за измама против неа поднеле кривична пријава и ова што ви го пишувам го навеле во содржината на пријавата.
Иронија на судбината е податокот дека НЕРЕАКЦИЈАТА на институциите довела подоцна до ова што денес си го викаме ,,РЕКЕТ,,.

Она што ниедна институција не го спречила, денес на делчиња се процесуира, со тројца обвинети и сурија нивни соучесници кои на овој или оној начин се спасиле и или соработуваат и кодошат по кулоари или имаат политичка заштита поради примената на овдешното сфаќање на примена на селективна правда…

За потсетување, водителката Лила Филиповска, беше онаа која беше затекната заедно со Боки 13 во автомобилот кога на 15 јули Бојан Јовановски сакаше да ја напушти државата со полна торба пари.

И денес не е доцна Управата за финансиско разузнавање и Финансиска полиција да почнат со расветлување на позадината на договорот на ,,ДАН МАК,, и ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА, завршува Божиновски.

Денеска за случајот Рекет, сведочеше познатата македонска водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска. Како што и претходно беше откриено за јавноста, Лила потврди дека дента кога Боки 13 беше уапсен, таа заедно со него и новнарката Анета Кочишки биле тргнати на одмор на Миконос.
Лила рече дека биле тргнати за Миконос, но нажалост одморот не се реализирал.
На прашањето од судијката кој го платил овој луксузен одмор, Лила остро одговорила дека таа секогаш носи пари со себе, никогаш не чека друг да и плаќа нешто, па ниту одморот кој ако требало да се плати ќе го платела самата.

Лила претходно сведочеше дека повеќе не се пријатели со Боки 13 и дека има причина зошто е тоа така.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интерес.

*Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...