екипата на магазин.мк сведок на сообраќајна несреќа во близина на Куратица, прашањето не е кој е виновен, туку каде македонските возачи прават грешки во сообраќајот

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 октомври, 2018 16:25

На магистралниот пат Ресен – Охрид, сообраќајна несреќа, за малку избегнати и жртви

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Екипата на магазин.мк беше сведок на голема сообраќајна несреќа која се случи во близина на село Куратица, а во која само поради среќни околности е избегната можноста за човечки жртви.

Имено несреќата се случила на магистралниот пат Ресен – Охрид, кога две возила, од кои едното со регистарски таблички од Струга фронтално се судрило со друго возило.

Сообраќајните несреќи на влажен коловоз се македонска традиција, како сеуште имаме возачи кои не почитуваат хоризонтална и вертикална сигнализација, но и не ја прилагодуваат брзината согласно условите на патиштата.

Кој е виновен е прашање кое ќе го утврди полицијата, исто како и тоа како возилата се нашле во оваа неприродна положба.

Како можевме да забележиме сепак се работи за дозволено престигнување т.е. несреќата е точно на моментот каде прекинатата линија станува полна.

Чиста среќа според она што може да се види од приложените фотографии е што нема човечки жртви.

Магазин.мк повеќе посветни внимание на начинот како се реагира од страна на оштетените т.е. учесниците во сообраќајната несреќа, што лесно може да предизвика нова.

Шоферите вртеа мобилни телефони, некој бараше полиција, некој стручно мислење од мајстор или ги информираа домашните, но никој не ги постави на патот пропишаните ознаки.

Никаде го немаше познатиот црвен триаголник, кој треба да е на стриктно пропишана далечина, со што останатите учесници во сообраќајот ќе бидат информирани да ја прилагодат брзината со околностите на патот.

Како, и дали и таа можна опасност ќе биде земена во предвид по полициската анализа, останува да видиме во утрешнот билтен на МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...