Тој се пофали за својот подвиг на Фејсбук и сподели убава мотивирачка мисла од големито Фридрих Ниче.

Објавил: Весна Петровска | 20 јули, 2019 12:40

На планините не се искачувате залудно: Мицкоски го освои Пелистер

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Убавото лето време претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски денеска го искористи да направи интересен подвиг го исачи Пелистер.

Фотографија од Мицкоски на Пелистер

Тој се пофали за својот подвиг на Фејсбук и сподели убава мотивирачка мисла од големито Фридрих Ниче.

– Стив, Илинден и конечно Пелистер, Битола, Република Македонија.
Наместо трка на 100 метри, одбирам маратон, за стигнување до целта и финална победа.

“На планините на висината никогаш не се искачувате залудно. Или ќе достигнете повисока точка денес или ќе ги тренирате вашите сили за да може да се искачите повисоко утре” Фридрих Ниче, напиша Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ често знае своето слободно време да го искористи и да ги посети убавините кои нашата земја ги нуди.

Највисоките три врвови на Баба Планина, Пелистер 2.601 м. (според најнови сателитски мерења 2.633 м.), потоа Вториот врв, Илинден 2.549 м. и Првиот врв Стив 2.468 м се величенствени природни објекти кои со своите пирамидални форми доминираат во блиската и во подалечната околина, Поставени еднододруго, оваа величенствена тројка врвови – гранитни пирамиди, според одредени научни видувања имаат старост од околу 465 милиони години од ерата на Палеозоикот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.